Радио Милева

Првпат по 24 години откажана најсекси ревијата на светот: „Викторија сикрет“ разочара, а ова е причината!

Првпат по 24 години откажана најсекси ревијата на светот: „Викторија сикрет“ разочара, а ова е причината!

Спектаклот на „Викторија сикрет“ нема да се одржи оваа година, вест која во целост ги шокираше милиони луѓе кои едвај чекаа да ги видат секси ангелите како одат на пистата.

Познатата манекенка Шанина Шајк (28), која е една од ангелите на Викторија, откри дека годинашното шоу е откажано и ја изненади светската јавност.

Манекенката, која веќе 8 години е дел од престижното шоу, открива дека е многу разочарана, а за „Дејли телеграф“ изјави:

– За жал, шоуто Викторија Сикрет нема да се одржи оваа година. Тоа е нешто на што навикнав бидејќи секоја година во ова време тренирав за тоа. Верувам дека тоа ќе се промени во иднина и дека тие само работат на развој на брендот и нови верзии, затоа што се уште е најдоброто шоу на светот.

Светското шоу се прикажува на телевизија повеќе од две децении, со тоа што во 2018 година го следеа 3,3 милиони гледачи пред малите екрани.

Сепак, иако овој број звучи неверојатно, тој е голем само за нас, затоа што е намален за 9,7 милиони гледачи, бидејќи многу луѓе ја гледаа претставата во претходните години.

Според Њујорк Тајмс, извршниот директор на компанијата „Викторија сикрет“ потврдил дека модниот гигант подготвува и воведува некои нови одлуки.

– Модата е променлив бизнис. Треба да инвестираме во промени заради растот на компанијата. Водејќи се од оваа идеја, решивме да се промениме, односно да создадеме нова идеја за традиционалното шоу на Викторија Сикрет – рече Лесли Вакнер и објасни зошто оваа година нема да ги гледаме секси ангелите.

фото:профимедиа/танјуг/АП

To top