Даниел Кајмакоски сите го паметиме по победата во региоалното музичко „Х фактор“ и во учество на „Твоето лице звучи познато“.
Даниел по победата ја освои младата публика, а набргу потоа се повлече од музичката сцена и се посвети на својот приватен живот.
Имено, Кајмакоски се ожени со Кристина и стана татко на својот син Давид.
Оттогаш потполно се посвети на своето семејство и на неговите најмили.
Но, на смејната идила му дојде крај, па така пејачот неодамна откри дека се разведува од сопругата Криситна, а деталите за разводот си ги задржа за себе.
По паузата од музиката, Кајмакоски повторно е акутелен и често настапува во регионот.
Така, љубителите на неговата музика можат често да го видат во Србија, Црна Гора….
Меѓутоа, деновиве Кајмакоски се врати во својот роден крај односно Струга.
Иако пред да се појави на сцената тој долго време живеел и работел во Виена, Даниел секогаш се чувствува убаво кога ќе го посети родното место.
Во кратките приказни на „Инстаграм“, сподели фотографија од Струга, а во истата напиша:
„Детски спомени“.
Веруваме дека неговата Струга го потсетила на убави нешта од тој период и дека се потсетил на убави мигови детски радости.