Со торта и роденденска песна заедно со љубители на уметноста, пријатели на Фестивалот и врвните гитаристи Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ, кои имаа незаборавен концерт на Античкиот театар, „Охридско лето“ синоќа го прослави својот 59-ти роденден.
Фестивалот „Охридско лето“ својот почеток го бележи со концерт одржан на 4 август во далечната 1961 година, со настапот на оперската певица Ана Липша Тофовиќ. „Охридско лето“ се одржува секоја година од 12 јули до 20 август, а од 1994 година Фестивалот е редовен член на Европската асоцијација на фестивалите.
извор: Плусинфо