Како што пишува „Телеграф“, поранешното момче на Дара Бубамара било физичко нападнато и без свест бил пренесен во ургентен центар.
Немања Безбрадица, поранешниот играч на „Партизан“ вчера бил физички нападнат.
Како што тврди изворот, тој бил без свест и бил пренесен во болница.
По тој повод се огласи и неговата поранешна девојка, Дара Бубамара.
„А што имам јас со тоа?Раскинавме пред една година…Не сме заедно една година. Не ме интереснира, не ги гледам туѓите животи. Немам врска со тоа и не ме интеренсира.Немам коментар, го гледам својот живот“ вели Бубамара.
Дара и Немања беа во врска повеќе од 9 месеци, а некои пишуваа дека се венчале.