Славната германска манекенка се разголи за потребите на италијанското издание на магазинот „Вог“.
За потребите на реномираниот магазин, Клаудија ги покри само интимните делови од телото.
“Ти благодарам “Вог” за насловната страница”, напиша Клаудија на Инстаграм и објави како ќе изгледа.
Фотографијата доби само позитивни коментари, при што фановите ѝ пишуваат дека изгледа фантастично.
“Најдобар топ модел на сите времиња”, “Клаудија засекогаш”, се само дел од коментарите.
Шифер започна професионално да се занимава со манекенство на 17 години и брзо стекна светска слава. Работеше за најпознатите светски модни дизајнери и брендови како Диор, Шанел и многу други.
Во 2002 година стапи во брак со американскиот продуцент Метју Вон, а пред неколку месеци заедно се појавија на премиерата на еден филм.