Луна Џогани и Марко Миљковиќ заминале на одмор во Египет, а таму им се случила една непријатност.
Први симпотоми на вознемиреност имала Луна, а подоцна и Марко имал ист проблем кој мислеле дека се појавил поради силното сонце и зачинетата храна.
„Меѓутоа, по половина час и на Марко му беше се полошо и полошо. Наизменично одеа во ВЦ за да исфрлат се од себе“ вели изворот и додава:
„За да биде уште полошо Луна се сети на случајот од претходната година кога еден пар од Британија поради нејасни околности почина во еден луксузен хотел во Хургада. Тогаш ја фати уште поглема паника дека нешто лошо се случува, па започна уште повеќе да ја фаќа паника. За среќа, Марко беше при себе и имаше сила да повика амбулантна, па брзо ги пренесоа во најблиската болница“.
Изворот додава дека во болницата им кажеле дека се отровале од морски плодови кои ги јаделе во еден ресторан, а по инфузијата биле како „нови“.
„Не сакаа да им се јават ниту на Анабела,ниту на Гаги, ниту на мајката на Марко, а на нив им беше подобро, па продолжија со одморот“ вели изворот.