Околу неговото учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ во последната сезона, се крена голема прашина.
Адам Лабунски беше добро запаметен по својот талент, изглед, но и скандалот кој се случи, а поради истиот беше отстранет од шоуто.
Но, тоа сега е веќе зад него, а минатото нели треба да остане онаму каде што е. Иако не се пофалил со нешто ново на музички план, Адам обожавателките умее да ги задржи со секси фотографии на кои го покажува своето тело.
Тој е активно посветен на својот изглед, а редовно оди во теретана бидејќи е вљубеник во бодибилдингот.
Овој пат не можеше, а да не го открие голото торзо и да ја покаже дефиницијата и мускулатурата и тоа под туш.
Обожавателките го преплавија со лајкови и коментари од типот дека најсреќна е онаа што го фотографирала додека тој е гол и воден.