Радио Милева

Луна Џогани: „Немам проблем да настапувам со Слоба и Киа Коцкар“

Луна Џогани: „Немам проблем да настапувам со Слоба и Киа Коцкар“

Луна Џогани  победи во реалното шоу „Задруга 2“, а по излегувањето таа одлучи да се посвети на музичката кариера.

Имено, таа неодамна беше во Скопје каде ја сними својата прва песна.

Во интервју за курир.рс, Луна проговори за својата песна.

„Пресреќна сам. Видов некои кадрови и изгледа светски. Мислам дека сум родена за оваа работа и дека ќе бидам популарна.Едвај чекам песната да биде популарна и да слушнам коментар“ вели Луна.

фото: соња спасиќ

На прашањето што ќе се случи ако менаџерот  и каже дека треба да настапува со Слоба, Луна вели:

„Нема да реагирам. Знаете како, кога некој е рамнодушен, нема емоции, тогаш не е проблем. Ќе се однесувам како професионалец и со задоволство ќе настапувам со него. Работа си е работа. Тој ми е како секоја друга личност во животот, не чувствувам ништо. Немам емоции“ вели Џогани.

фото: Принтскрин/лунаџогани

А како ќе се однесуваш кога треба да настапуваш со Киа Коцкар?

„Ни со неа нема да имам проблем. Јас сум професионалец, верувам дека и на нив нема да им биде проблем. Ќе биде атракција ако таа и јас настапуваме заедно“ вели Луна.

Таа потенцираше дека не и пречи што ја споредуваат со Анастасија Ражантовиќ.

„Секако дека ми е драго. Но, ние две не може да се споредиме. Прво, секоја си има свој фазон. Таа има ненормален вокал. Јас имам друг стил“ вели Луна.

Луна откри дека би сакала да сними дует со Јелена Карлеуша.

To top