Летните одмори се во полн ек, а македонските јавни личности веќе се на некоја плажа каде што уживаат во летото и сите бенифиции на ова годишно време.
Сузана Турунџиева одлучи да направи кратка пауза од сите секојдневни и работни обврски, па да го искористи времето за да ги полни батериите.
Имено, Турунџиева на својот „Инстаграм“ профил сподели фотографија во црно бикини, а на која јасно се гледаат нејзините атрибути и одлична фигура.
Сузана е секси баба, а на одличниот изглед може да и позавидат многу помлади личности.
„Време е за лето, а живеењето е лесно“ напиша Турунџиева во описот на фотографијата.