Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон го освои принцот со нејзината појава на хуманитарна ревија додека била студентка.
Имено, таа на модната писта се појавила во проѕирен фустан под кој носела црна долна облека која се гледа.
Принцот седел во првиот ред, а кога ја видел Кејт на својот пријател му шепнал:
„Оваа Кејт е многу секси“.
Кејт пред неколку години се пошегува на прославата на 600 годишнината кога им порача на студентите да внимаваат кога ќе се појават на ревии бидејќи не знаат какво парче облека ќе добијат.
Интересно е тоа што парот не ја покани креаторката која ги спои, но таа овој фустан го продаде за 125 илјади долари.