Радио Милева кај банкарот

94 – годишната Добрила Ивановска Чабриќ учествуваше во „Сè или нешто“ – eве со колку пари си замина oд квизот (фото)

94 – годишната Добрила Ивановска Чабриќ учествуваше во „Сè или нешто“  – eве со колку пари си замина oд квизот (фото)

Во петочното издание на квизот „Сè или нешто“ натпреварувачка беше македонската победничка на регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“, 94 – годишната Добрила Ивановска Чабриќ.

Добрила кај себе ја имаше својата кутија со број 22. Таа не успеа да освои многу пари, но успеа да ја пренесе својата харизма и позитивна енергија.

Таа уште пред половината на квизот, ги отвори кутиите со високи суми, но беше храбра и играше до крај.

Покрај тоа, Ивановска раскажа и неколку нејзини животни приказни.

Најинтересна беше приказната кога ја каснале пчели и за малку да го изгуби животот.

-Земав да чистам килим и кога го кренав под него имаше саќе со пчели. Тие ме нападнаа и ме искасаа по целото тело. Веднаш се јавив на докторот, среќа тој беше во близина и кога дојде јас веќе паднав, но тој ми даде инекции и ме спаси“; раскажува Добрила.

Ивановска истакна дека е човек кој сака да ризикува, па во квизот играше до крај и  си замина со сума од 10 000 денари.

Натпреваручката истакна дека не дошла по пари туку да се дружи.

За потсетување, Добрила Ивановска Чабриќ победи во „Никогаш не е доцна“ во 2018. Таа победи од гласовите на публиката и гласовите од жирито и доби два микрофони.

To top