Радио Милева

78 годишниот Ал Пачино има нова девојка, 39 години помлада од него

78 годишниот Ал Пачино има нова девојка, 39 години помлада од него

Ал Пачино има нова љубов, тври извор за „Page Six“

Легендарниот 78 годишен актер е во врска со 39 годишна израелска актерка и пејачка Меитал Дохан.

Пачино и актерката попозната по улогата во серијата „Трава“, првпат се видени заедно во еден ресторан во Лос Анџелес, а оттогаш наводно интензивно се дружат.

-Се гледаат последните неколку месеци и изгледаат доста среќни, вели кусо изворот кој додава дека и на настани се појавуваат како двојка. „На почетокот се криеја, но повеќе не ја кријат врската“.

Пачино летото го помина во Лос Анџелес, каде снимаше филм на Тарантино, со Леонардо ди Каприо и Бред Пит.

Двојката моментално живее во ЛА, а не е познато како се запознале. Ал Пачино има три деца, а до неодамна беше во врска со 42 годишната аргентинска актерка Луција Сола.

фото:insatagram

Останати вести од Радио Милева