Мегафон манифестации

50-то јубилејно издание на „Мајските оперски вечери“ започнува на 9-ти мај 2022

50-то јубилејно издание на „Мајските оперски вечери“ започнува на 9-ти мај 2022

“Наметнувајќи се како културен симбол на современието, оперската манифестација „Мајски оперски вечери“, која благодарение на својот профил и специфика ги надминува границите на нашата земја и високо се позиционира во меѓународната сфера, годинава одбележува 50 години постоење.

Изминатите педесет години, на фестивалските програми ги содржи најатрактивните дела од европската музичка литература (оперите „Травијата“, „Аида“, „Кармен“, „Севилскиот бербер“, „Кавалерија рустикана“ и др., како и балетските ремек дела „Лебедово езеро“, „Жизел“, „Дон Кихот“…), задоволувајќи го со тоа вкусот и на најрафинираните почитувачи на оперската и балетска уметност. Поголемиот дел од нив се долги години присутни на редовниот репертоар на националната куќа и на публиката ѝ се мошне омилени, а застапени се и ретко изведувани и помалку познати наслови, кои заедно креираат богат корпус, разновиден од аспект на стилските особености, жанровската определба и авторската инвентивност.

На фестивалската сцена, изминатите пет децении дефилира елитата на домашното, европското и светското оперско исполнителство, која дава исклучителен придонес за ексклузивитетот и атрактивноста на самата манифестација. Така, од сцените ширум Европа (застапени се речиси сите европски држави) и светот (Америка, Африка, Азија и Австралија), директно на големата сцена во Скопје, своите незаборавни креации ги претставуваат голем број извонредни диригенти, оперски и балетски уметници и инструменталисти, а со особено висок професионален пристап, бравурозни перформанси прикажуваат и македонските уметници, кои, секој во своето време од сценската актива, комуницирајќи со грациозноста на изведувачкиот израз, оставаат траен белег во колективната меморија на манифестацијата”, велат од Македонската опера и балет.

Во продолжение погледнете го прегледот на програмата на јубилејното 50-то издание на „Мајските оперски вечери“ по датуми и денови на одржување на претставите:

50 „Мајски оперски вечери“ – Програма

9-ти мај 2022, почеток 20 часот

Свечено отворање / премиера
„Норма“ – Винченцо Белини

11-ти мај 2022, почеток 20 часот

„Норма“ – Винченцо Белини

ОФФ програма

14-ти мај 2022, почеток 20 часот

„Госпоѓиците од Авињон“ (балетска претстава)

18-ти мај 2022, почеток 20 часот

„Лучија од Ламермур“ – Гаетано Доницети

21-ви мај 2022, почеток 20 часот

„Жизел“ – Адолф Адам (балет)

26-ти мај 2022, почеток 20 часот

„Турандот“ – Џакомо Пучини

31-ви мај 2022, почеток 20 часот

„Аида“ – Џузепе Верди

To top