Мегафон тетатарски фестивали

45-тото издание на МОТ ќе биде хибридно: Онлајн претстави по пат на видеостриминг

45-тото издание на МОТ ќе биде хибридно: Онлајн претстави по пат на видеостриминг
45. издание на интернационалниот театарски фестивал „Млад отворен театар“ – MOT 2020 и покрај коронапандемијата сепак ќе се одржи и тоа под мотото: МОТ …ќе има и утре!
Но овој пат за прв пат во поинакво, онлајн издание, преку видеострим во периодот од 24 ноември до 3 декември 2020.
„Со огромна чест го најавуваме овa 45-то, за прв пат хибридно издание на MOT theatre festival. Програмата ќе може да ја следите во живо и онлајн (специјални стримови само за МОТ од нашите домашни продукции, како и пријателите од Словенија, Грција и Хрватска).
Сработивме многу годинава и нема да дозволиме да извиси МОТ. Не ја даваме живата уметност, не го даваме театарот и оптимистично го отвораме и затвораме фестивалот со претстави во живо, бидејќи ќе има и утре другари! Заради целава ситуација во која се наоѓаме, го задржуваме правото на измени во распоредот, затоа ве молиме да не следите. Наскоро повеќе инфо и влезници…“ – вели во кусото соопштение организторот во својата објава на Фејсбук страниццата на МКЦ.

 

To top