Хрватската навивачка Ивана Кнол се забавуваше на Миконос со поранешната НБА ѕвезда Шекил О’Нил.
На популарниот грчки остров Шек настапувал како диџеј и ја отворил сезоната во еден престижен ноќен клуб. Ивана била една од ВИП гостите, а дел од атмосферата споделила на социјалните мрежи.
Легендарниот О’Нил започна со диџејство во 2014. Минатата година приреди одлична забава на островот Крк. Меѓу гостите беа НБА кошаркарите Лука Дончиќ и Горан Драгиќ. Во еден момент О’Нил ги повикал на сцената и ги прегрнал.
„Шек не го собира на фотографијата“ – напишала Ивана во описот на истатата. Дали го собра и во нејзиниот кревет или се’ остана само на ноќно парти, по кое немало заедничко „афтер парти“, знаат само тие двајца.
Инаку, по Светското првенство во Катар, таа стана една од најпопуларните навивачки на светот.
Се дружи со многу познати личности, вклучувајќи ги Ерлинг Халанд, Џејсон Деруло, Леонардо ди Каприо, со кои престојува на најпознатите светски дестинации: Кан, Монтекарло, Ибица, Мајами, Миконос… итн.
Фото; Инстаграм/knolldoll