Радио Милева свадба над свадбите

26 години од венчавката на Цеца и Аркан: Вака изгледаше свадбата на деценијата (ФОТО+ВИДЕО)

26 години од венчавката на Цеца и Аркан: Вака изгледаше свадбата на деценијата (ФОТО+ВИДЕО)

Поминаа 26 години откако фолк sвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ се омажи за Жељко Ражнатовиќ Аркан, на 19 февруари 1995 год., а за нивната венчавка се зборуваше не само во цела Југославија, туку и многу пошироко.

„Свадбата на деценијата“, како што многумина ја нарекуваа, а за некои и свадба на векот, беше пренесувана во живо на телевизија, а пред да замине за родното место на Цеца, Житораѓа,  попот прочита молитва за среќен пат, а потоа и колона од дури шеесет возила во шест наутро тргнала за родното место на Светлана Цеца, тогаш се’ уште Величковиќ.

Аркан носеше црногорска народна носија, додека Светлана беше во српска носија. По два часа патување, тие пристигнаа во Житораѓа, а потоа го следеа традиционалниот српски обичај – пукање со пушка во јаболко. Дури од шестиот обид младоженецот успеа да сруши  јаболкото. Следуваше купувањето на невестата, а главната улога во таа приказна ја играа сестрата на Аркан и на Цеца, Лидија, денес Оцокољиќ. Аркан прво дал неколку купчиња германски марки, а кога Лидија рекла дека не е доволно, Ражнатовиќ повикал момче кое отворило пред себе чанта, во која имало огромна сума пари и скапа дијамантска нараквица. Но и тоа не беило доволно, па младоженецот од раката ги симнал и додал и златниот часовник и вредниот прстен, а истото го сториле и неговите пријатели.

Голем број свештеници присуствуваа на оваа венчавка, а Цеца влезе во црквата во раскошна венчаница, која ја носеше и нејзината снаа Богдана, 24 години подоцна, во ноември 2019 година, на црковната венчавка со синот на Цеца и Аркан, Вељко Ражнатовиќ.

Кума на Светлана Ражнатовиќ и беше Маја Павиќ, тогаш една од најпознатите ТВ водителки, додека кум беше Борислав Прелевиќ. Бидермерот го фати сестрата на Цеца, Лидија.  По венчавката, младенците ја напуштиле црквата Свети Архангел Гаврил и се упатиле кон семејната куќа, каде што ги пречекала мајката на Жељко, Славка Јосифовиќ, која на Цеца и дала златен дукат. Потоа и ја  изговорила реченицата: „Јас ти го давам овој златник, кој е од 1700 година. Од мојата прабаба, и твојата прабаба. Бракот нека биде среќен и долготраен“.

Потоа, младенците отишле во најголемиот хотел во Белград во тие години, каде ги чекале повеќе од 800 гости. Гостите со громогласен аплауз го дочекаа доаѓањето на младенците, а Цеца и Аркан се пресоблекоа по трет пат. По народната носија и венчаницата, невестата носеше долг бел фустан, додека младоженецот смокинг.

Меѓу гостите во хотелот во тоа време имало бројни јавни личности, од политичари и пејачи до спортисти. Масите беа украсени со цвеќиња кои пристигнаа од Холандија, додека невестинската торта тежела повеќе од 70 килограми. Бендот на Цеца свиреше на прославата, како и два оркестри на трубачи со плех музика. Во еден момент, младенците го повеле орото, а наскоро целиот подиум бил полн со разиграни гости. Првата песна на свадбата ја отпеа Мерима Његомир, песната „Рузмарин“.

После народната музика се свирела и пеела забавна, а гостите се веселеле до раните утрински часови. Микрофонот на венчавката го зедоа Ана Бекута, Мира Шкориќ, Шабан Шаулиќ, Џеј, Лепа Лукиќ, Нада Топчагиќ, Вики Миљковиќ и многу други пејачи. Самата невеста ги испеала песните „Ѓурѓевдан“, „Зајди зајди“ и „Врањанка“. Младенците први ја напуштија свадбената веселба, сакајќи да ги почитуваат традицијата и обичаите.

Фото: Јутјуб принтскрин

To top