Актерот Леонардо Ди каприо важи за еден од најпосакуваните холивудски ергени на кој не му оди со долгите врски, но сегашната девојка може да ја промени ваквата репутација.
Колку е заљубен во аргентинската манекенка Камила Мороне, покажа за време на престојот во Кан, а неговата избраничка во отсуство на актерот овие денови ужива во Барселона.
Колку се забавува во Шпанија, 22 годишната камила докажа со бројните објави на Инсатграм, а дежурните папараци ја видоа во друштво на мајка си, Лусил Сола која го привлече вниманието на јавноста по врската со легендарниот Ал Пачино.
Убавата Камила низ улиците на Барселона се прошета во беж комбинација која одлично ја истакна нејзината витка линија.