Мегафон
литература за деца

2-ри април, светскиот ден на литература за деца одбележан со нова книга: „Стефан во Дино Парк“ од Александра Велинова

2-ри април, светскиот ден на литература за деца одбележан со нова книга:  „Стефан во Дино Парк“ од  Александра Велинова

Денес излезе од печат нова илустрирана книга за деца „Стефан во Дино Парк“ од авторката Александра Велинова. Книга во која се раскажува низ стихови и оригинални илустрации и која е наменета за децата од предучилишна и рана училишна возраст. Оваа книга е продолжување на едицијата патувања, со цел децата да се едуцираат и забавуваат преку книга. Стиховите сочинуваат една целина, во која на хумористичен начин се запознаваат малите читатели со најпопуларните диносауруси и тоа: каде живееле, што јаделе, како изгледале. Главниот лик во книгата е Стефан, дете кое како и многу други деца, го интересираат диносаурусите. Кога се наоѓа во Дино паркот, тој е јавач, палеонтолог и ловец на диносауруси, но пред сè тој ги сака и ужива во играта со нив.

Извадоци од рецензиите:

„Книгата со текст, надградена со илустрациите претставува возбудливо уметничко доживување по кое копнее детската душа, ум и фантазија…“ (Проф. д-р Благица Петковска)
„Играта на Стефан во Дино паркот е плод на детската храброст. Тој дури и гласно ја објавува својата храброст и одлучност да истражува, да допре до дното на тајниот свет, во дадениот случај на диносаурусите…“ (Трајче Кацаров)

Автор: Александра Велинова
Илустрации: Игор Јовчевски
Уредник: Михајло Маказлиев
Лектура: д-р Лилјана Пандева
Рецензија: проф. д-р Благица Петковска и м-р Трајче Кацаров
Компјутерска обработка и дизајн: Михајло Маказлиев