Под мотото „18 години Општина Бутел – Ние те сакаме“, на 20-ти април во четврток со почеток од 19 часот во СРЦ „Македонија“ во населба Радишани (на паркингот на спортско рекреативниот центар „Македонија“, поранешно Олимпија) ќе се одржи голема музичко-роденденска прослава која што Градоначалникот Дарко Костровски и Општина Бутел ја организираат за своите соѓрагани.
„Ми претставува особена чест да ве поканам на големата роденденска забава по повод 18 години од формирањето на Општина Бутел. 18 години наша Општина Бутел, 18 години наш дом и наша иднина. Тука заедно растеме, тука заедно создаваме! Тука заедно ќе останеме да ја направиме Општина Бутел, модерна, безбедна просперитетна општина за сите мои сограѓани! Нека овој роденден се памети!“, изјави градоначалникот Костовски.
На големата роденденска прослава, присутните граѓани ќе ги забавуваат познатите македонски изведувачи: Пајак, Таско, Андријана Јаневска, Сузана Спасовска, КУД „Плетеница“ како и Хорот при ООУ „Ацо Шопов“.
„Со задоволство Ве покануваме да бидете дел од оваа голема музичко-роденденска забава, и да уживате во нашите македонски музички ѕвезди“, порачуваат организторите.