Актерот Вилијам Леви на својот „Инстаграм“ објави дека по 18 години брак се разведува од сопругата Елизабет Гутјерез.
Тој не криеше дека ја изневерувал сопругата со други жени, а гласините за нивниот развод кружат откако се венчаа.
Елизабет секогаш му ги простуваше неверствата на Вилијам. Од бракот го имат синот Кристофер и ќерката Кајли.
Во последно време, парот ретко се појавува заедно во јавност, а на социјалните мрежи имаат неколку заеднички фотографии.
-Сакам да ве известам дека откако добро размисливме, одлучивме на нашиот однос да ставиме крај. Но, и понатаму ќе останеме најдобро семејство и ќе биде најдобри родители за нашите деца.Тоа никогаш нема да се промени, напиша Леви на социјалните мрежи.
фото: Инстаграм/willevy