Многу од познатите и славни српски дами имаа среќа во љубовта и што би се рекло за животни сопатници нашле вистински џентлмени кои имаа и многу пари.Или што би рекле некои други, скапо се „продале“ и својата убавина богато ја уновчиле.
Во една пригода, бившата мисица Јелена, некогаш Јаковљевиќ, денес Бин Драи, го сподели своето тажно сеќавање со своите следбеници на Инстаграм, во кое раскажа како семејството немало доволно пари за да купи билети за влез во Сава Центар за да ја гледаат на изборот за мис.
„Додека бев на сцената, во публиката беше само татко ми. Мајка ми и брат ми стоеа во фоајето, пред вратата во ходникот. Во тоа време, сè што имавме на нашата банкаовна сметка беа 100 германски марки. Тоа беше доволно за да се набави само еден скап билет. Не плачев затоа што станав мисица, плачев затоа што гледав како обезбедувањето не им дозволува на мајка ми и брат ми да влезат да го видат барем само прогласувањето и да ја видат барем мојата дијадема. Тоа ми го скрши срцето’ – истакна тогаш Јелена.
Јелена сега е една од најбогатите Србинки, која во 2008 година се омажи за арапскиот шеик Саид Бин Драи, со кого има три деца.
Покрај неа, има и други Србинки кои богато се омажиле. Некои од нив останаа во земјата, додека други отидоа далеку со своите љубови.
Ивана Берендика беше пејачка на тогаш популарната женска група „Моделс“, а потоа се омажи за милијардерот Томас Јермолук, еден од основачите на компанијата Гугл.
Фото: Драган Кадиќ
Марија Каран се омажи за Џоел Лубин, филмаџија од Лос Анџелес. Со овој холивудски продуцент доби син.
Водителката Николина Пишек се омажи за Видоје Ристиќ со која има ќерка. Во 2013 година тие направија свадба во Монте Карло која траеше три дена.
Аника Божиќ Ал Сарај е успешна манекенка која се омажи за принцот Јусеф Ал Сарај, родум од Палестина.
Елена Кариќ е ќерка на познатата дизајнерка Верица Ракочевиќ која се омажи за Југослав Кариќ.
Сандра Николиќ некогаш, денес Мелниченко е омажена со Андреј Мелниченко, кој е руски милијардер.
Фото:Инстаграм принтскрин