Мегафон спортско-естраден спектакл

16-ти меморијален фудбалски турнир „Љубомир Рајчевски – Рајче“: „Жена од султана“ специјална гостинка на финалната вечер

16-ти меморијален фудбалски турнир „Љубомир Рајчевски – Рајче“: „Жена од султана“ специјална гостинка на финалната вечер

На 14. август 2022 година (недела)  е закажана завршната вечер на која ќе се одигра големото финале, ќе бидат прогласени победниците и доделени наградите на шестнаесетиот по ред Меморијален турнир во мал фудбал „Љубомир Рајчевски – Рајче“ кој  се одржува во период од 15.07.2022 – 14.08.2022“ – порачуваат организаторите на фудбалскиот турнир, спортска манифестација која ја негува традицијата и преку спортот ги зближува и обединува граѓаните.

За тоа најдобар пример е општината  Чучер Сандево, лоцирана на падините на Скопска Црна Гора, која иако мала по големина, покажува големо срце и огромно чувство за почитување и помагање востановената традиција да се одржи и продолжи. Имено во село Глуво се одржува турнирот во чест на истоимениот долгогодишен фудбалер на ФК Вардар, легендарниот Љубомир Рајчевск – Рајче, чие потекло беше токму оттаму.

Настанот е под генерално покровителство токму на општината Чучер Сандево, како и на граѓаните на село Глуво.

Организациониот одбор на турнирот ги кани сите љубители на фудбалот да дојдат и да бидат дел од финалето на овој традиоционален спортски настан, а најдобрите и публиката ги очекува големи изненадувања и вредни награди.

Покрај спортскиот, оваа манифестација традиционално има и културно-естраден карактар, така што секој турнир завршува со естрадно-музички настан, односно концертен настап на познати естрадни ѕвезди од регионот.

Годинава  по завршувањето на спортскиот дел на финалната вечер, организаторот како специјална гостинка најавува уште една мегапопуларна српска и регионална фолк ѕвезда, атактивната пејачка Тијана Милентијевиќ попозната како „Жена од султана“, која ќе го увеличи големото финале и ќе ја забавува публиката со својот двочасовен концертен настап.

Со ова се очекува завршната вечер на турниот да се претвори во вистински спортско-естраден спектакл.

To top