Мегафон спортско-естраден спектакл

16-иот меморијален фудбалски турнир „Љубомир Рајчевски – Рајче“ со големи изненадувања и вредни награди: „Жена од султана“ специјална гостинка на финалната вечер

16-иот меморијален фудбалски турнир „Љубомир Рајчевски – Рајче“ со големи изненадувања и вредни награди: „Жена од султана“ специјална гостинка на финалната вечер

„Со огромна чест и задоволство, Ви го најавуваме шестнаесетиот по ред Меморијален турнир во мал фудбал „Љубомир Рајчевски – Рајче“ кој  се одржува во период од 15.07.2022 – 15.08.2022“ – порачуваат организаторите на фудбалскиот турнир, спортска манифестација која ја негува традицијата и преку спортот ги зближува и обединува граѓаните.

За тоа најдобар пример е општината  Чучер Сандево, лоцирана на падините на Скопска Црна Гора, која иако мала по големина, покажува големо срце и огромно чувство за почитување и помагање востановената традиција да се одржи и продолжи. Имено во село Глуво се одржува турнирот во чест на истоимениот долгогодишен фудбалер на ФК Вардар, легендарниот Љубомир Рајчевск – Рајче, чие потекло беше токму оттаму.

Настанот е под генерално покровителство токму на општината Чучер Сандево, како и од граѓаните на село Глуво кои секојдневно и неуморно се трудат да овозможат културни и рекреативни настани за поттик и успешност на младината и останатите жители. Тие воедно се и постојани учесници во хуманитарни активности за изградба на културните и верски објекти.

Организациониот одбор на турнирот ги охрабрува сите љубители на фудбалот да бидат дел од традиоционалниот спортски настан, а најдобрите и публиката ги очекува големи изненадувања и вредни награди.

Турнирот веќе започна и ќе трае се’ до 14. август 2022 година (недела) кога ќе биде завршната вечер на која ќе се одигра големото финале, ќе бидат прогласени победниците и доделени наградите.

Покрај спортскиот, оваа манифестација традиционално има и културно-естраден карактар, така што секој турнир завршува со естрадно-музички настан, односно концертен настап на познати естрадни ѕвезди од регионот.

Годинава  по завршувањето на спортскиот дел на финалната вечер, организаторот како специјална гостинка најавува уште една мегапопуларна српска и регионална фолк ѕвезда, атактивната пејачка Тијана Милентијевиќ попозната како „Жена од султана“, која ќе го увеличи големото финале и ќе ја забавува публиката со својот двочасовен концертен настап. Со ова се очекува завршната вечер на турниот да се претвори во вистински спортско-естраден спектакл.

To top