На 24 и 25 март 2018 година во Македонска опера и балет се одржа 15-годишниот јубилеен концерт на прекрасните „Поточиња“. 5.000 насмеани родители и деца ги посетија 6-те настапи на „Поточиња“ во саботата и неделата. Истите беа во 11.00 часот, 13.00 часот и 19.00 часот.
По повод јубилејот, организаторот „Пап“ подготви специјално издание исполнето со нови песнички, прекрасни приказни, изненадувања и специјална роденденска програма. Популарната детска маскота Поки беше водител на овој долгоочекуван детски фестивал, на кој учествуваше и Сара Мејс со најновата песна што ја направија со „Поточиња“ со наслов„Гласот на децата“