На 29 април, Меѓународниот ден на желбата, во кафе-барот „Излет“ ќе се оддржи втората самостојна изложба на младата и креативна уметница Христина Тарабунова, која ќе се претстави со рачно ткаени парчиња ткаенина (черги) на еден сосема индивидуален начин, многу поразличен од традиционалниот.
Изложбата „13 причини зошто“ ќе биде од продажен карактер, а покрај Тарабунова ќе учествуваат уште 10 млади талентирани уметници. Проектот е замислен како целодневна забава, а собраните средства ќе бидат донирани во фондацијата „Златна рипка“ за децата болни од тешки болести од одделот за онкологија во Државната болница. Настанот ќе биде отворен за сите посетители, а влезот е бесплатен.