Во октомври се навршуваат 13 години од постоењето на Десонанз Фестивал – еден од најпроминентните културни настани во Македонија. Заради пандемиските услови, фестивалот не се одржа минатата 2020 година.
Овогодинешното 12-то по ред издание на Десонанз ќе се одржи виртуелно, согласно безбедносните мерки. Онлајн програмата ќе биде распоредена во два фестивалски денови, а фокусот ќе биде насочен кон локалната современа електронска музика, соопшти организаторот.
Преку јутјуб каналот на Десонанз Фестивал, на 29.10 и 30.10 премиерно ќе бидат емитувани авторските настапи на: Марко Рикалоски, Филип Митров и Tears In Rain.
Десонанз Фестивал е организиран благодарение на финансиската поддршка на Delegation of the European Union Skopje и Europe House Skopje.
Институционален партнер на фестивалот е Кинотеката.