Турската воена драма „Wounded love“ или „Vatanim Sensin“ е првата серија по „1001 ноќ“ откако брачната двојка Халит Ергенч и Бергузар Корел снимаа заедно.
Сега во оваа воена драма тие повторно се двојка и на филмското платно.
За приказната како повотрно им се случи да бидат на ист проект, раскажаа во едно видео интервју.
Халит вели дека тој бил прв инволвиран, додека Бергузар не била планирана да биде дел од филмот, дури не сакала да го прочита сценариото.
View this post on Instagram
Халит: Оваа приказна не воодушеви. Јас првин бев инволвиран, но Бергузар има своја страна на приказната.
View this post on Instagram
Бергузар: Тој го имаше сценариото, а сите почнаа да ми викаат да го прифатам проектот, но јас бев уморна поради „Карадај“. Но постојано ми викаа, „Дали ја прочита приканзата, направи го тоа за Халит, сакаме да го знаеме твоето мислење?“ Јас кажав, во ред, па тие продолжија „Има карактер Азизе, таа е ти“, но јас не сакав да прочитам. Сценариото беше на масата во нашата кујна и стоеше еден месец таму бидејќи Халит го читаше, но не додржав и почнав и јас да го читам. Веднаш побарав да ја читам и вората епизода и се заљубив во Азизе. Таа е комплетно различна, вели Бергузар, а пак нејзиниот сопруг Халит кој го игра ликот на Џевдет вели дека бил освоен од прво читање.
View this post on Instagram
Халит: Ме освои таа универзална љубовна приказна, голема љубов зад сенката на војната. Инаку, многу е напорно да се снима, особено кога една епизода трае 2 ипол часа. Колабираш, но мора да останеш достоен на нивото за работата која ја имаш. Тешко е, немаш приватен живот и не знам колку ќе издржиме вака, ќе видиме, открива тој.