Ве покануваме на последната вечерна забава за оваа година на врвот на Водно. Вечерно дружење со шизење на врвот на Водно, заедно со светскиот Диџеј Мац кој несебично ќе шерува светска музика за нас горе на врвот. Играњето горе на затварањето на настанот е задолжително
Покрај задолжително играње, не заборавјате да си ги земете картончињата за супер кул наградната игра на Scout Out Door Shop, и да видиме кои од вас тројца ќе си отидат дома супер кул насмеани.
И уште помагаме уште возиме од срце не заборавајте, имаме уште 400.000 км за кои Стопанска банка сака да донира за детска кардиохирургија. Уклучете Страва и бидете хумани.
Гарската вода Maya – голема благодарност за целиот натстан што беше со нас исто како и брендот Вивах кои несебично помагаат за едно вакво здание, да дише како стариот дух на градот Скопје, кој се одржува во живот горе во височините.
Оваа е последниот вечерен настан што ни остана, но ни остана уште да бидеме Еколошки настроени, свесно да придонесеме за планиниата што ни дозвили да бидеме нејзини домќини и со еден настан, со едно нејзино чистење, да покажеме колку ни значи природата во која опстојуваме 18 настани.
Ве покануваме на дружба на 21 Септември – Сабота од 9:00 – 12:00 часот.
Не заборавај, можеш со точак, можеш пешки.
# Од некаде мора да се Почне
Почни со тренинг,
Почни со дружба,
Почни со нас,
#ПочниСоВодно
Те очекуваат бајкерско – хајкерска коалиција, Macedonian Bike Riders Друштво неозбилни велосипедисти и i love hiking group Macedonia
Се’ што треба да знаеш е дека треба да се појавиш во 18:00 часот ПРЕД Кочо Рацин. Да си земеш ранец во кој ќе има 1л вода. Некој шушкавец или тенка јакна за на врвот. Да се пресоблечеш горен дел – алишта. Да не заборавиш да го наполниш мобилниот за да имаш за добра фотка.
Челна ламба или било какво светло кое ќе ти го осветлува патот. Осветлување напред и позади за точаците.
И тоа е се. За се друго ќе се погрижиме ние.
ДВИЖЕЊЕ:
– Со велосипед по асфалтниот пат
– Со пешачење до средно од кај полицијата, од средно нагоре по Димитар-Цветкова патека
– Спуштањето е по асфалт за сите учесници.
– Доколку не можете за нагоре од средно Водно имате жичара за до врвот која од 2 Мај ќе има поголемо работно време
ОПРЕМА:
– за хајкерите, челна ламба или било какво светло
– за бајкерите, предно, задно, светло, кацига
ИСХРАНА:
– секој сам си носи исхрана од ранец;
– вода 1 л.
– суво овошје, сендвичи и сл.
– домот на врвот е отворен за да си купите ако нешто ви фали.
НАПОМЕНА:
– Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;
– Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
– Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската и велосипедската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната опрема за предвидената акција.
– Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
– Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.