Радио Милева

По престојот во болница, Катарина Грујиќ повторно минува низ драма (ФОТО)

По престојот во болница, Катарина Грујиќ повторно минува низ драма (ФОТО)

 На пејачката Катарина Грујиќ сериозно и беше загрозено здравјето кога и беше дијагностицирана инфекција на бубрезите. Таа откако ќе ја напушти болницата, каде лежеше две недели, планираше да оди на заслужен одмор, но… Каќа мораше да го откаже патувањето во последен момент.

„Кога Каќа на лекарите при последниот прегледот им кажала дека би сакала да отпатува некаде  и да одмори од сè, поточно дека планира да замине десет дена, тие веднаш и забранија. Тие и рекоа дека не смее се’ уште да патува и дека мора да остане во земјата и да продолжи со терапијата иследниот месец“ – вели извор близок до пејачката и  додава:

„Иако Каќа се ипланирале, не доаѓаше во предвид да не ги послуша лекарите и во тој момент реши да остане во Србија, за наредниот месец  да оди на редовни терапии и проверки. Ќе има можности за одмор, а сега најважно е да не го изложува организмот на било каков стрес.
Секако, со неа цело време е семејство кое и помага во сè, но и  партнерот кој не се двои од неа ниту една минута. Сите се грижат за Каќа, а таа ги слуша советите на најблиските“ – изјавил изворот.


Самата пејачка го потврди ова:

„Вистина е, лекарите не ме пуштија да патувам. Сè уште сум во фаза на закрепнување, бидејќи бубрезите не се опоравени целосно. Ги слушам и мирувам. Нема да дозволам да западнам во онаа состојба во која се најдов. Сè уште сум на терапија веќе еден месец и навистина внимавам на себе и не се изложувам на стрес“ – вели пејачката.
To top