Денеска се одбележуваат 100 години од раѓањето на Александар Сариевски. На 20 јуни во 1922 година во селото Галичник е роден Сариевски, легенданиот пејач на македонска изворна музика и композитор на новосоздадени фолклорни песни. Во 1946 г. во Македонското радио ја снимил првата песната „А бре невесто око калешо“.
Бил еден од основачите на ансамблот „Танец“. Бил и успешен композитор и текстописец, меѓудругото и на познатата песна „Зајди, зајди јасно сонце“.
Неговиот музички опус претставува дел од македонското културно богатство. Најмногу ќе остане запаметен по интерпретацијата на следниве песни: „Зајди, зајди јасно сонце“ (автор), „Учи ме мајко, карај ме“, „Јовано, Јованке“, „Море сокол пие“, „Дејгиди луди млади години“, „Абер дојде Донке“, „Зајко кукурајко“, „Кандисал Ајрудин паша“ и многу други.
Сариевски почина на 19 декември 2002 година.
Легендарниот пејач вака ја пееше својата „Зајди, зајди јасно сонце“: