Српската пејачка Романа Паниќ се наоѓа во затвор во Австралија поради ограбување на банкомати.
Таа е осудена на една година затвор, а по три месеци ќе може да излезе на условна слобода.
Како што пишуваат српските медиуми, Романа на 3 август ќе излезе од затвор. Според законите во Австралија, затвореникот кој направил полесно кривично дело има право да побара привремен отпуст доколку исполнува одредени критериуми, па пејачката на почетокот на следниот месец ќе ги исполни условите и ќе може да излезе на слобода.
Како што пишува курир.рс, Романа е осудена на една година, а нејзиното момче е осудено на 18 месеци. Така да, пејачката ќе помине 60 дена во затвор, а останиот дел од казната ќе го помине на слобода. Но, еднаш неделно ќе мора да се пријави во Бризбејн.
На Паниќ ќе и биде дозволно да одбере каде ќе биде сместена, дали е тоа во изнајмен стан, кај некој познаник, пријател, роднина, но не смее да ја смени адресата ако претходно не ја известила полицијата.
Меѓутоа, за сите затвореници кои не може да си дозволат сместување, Австралија има миграциони центри каде се сместени луѓе кои чекаат за депортација во сопствената земја.
Како што се наведува, бидејќи пејачката нема доволно средства најверојатно ќе се одлучи за втората опција, па до јуни 2021 година ќе сместена во центар за мигранти.