Имаат многу пријатели од членовите на кралските семејства во Скандинавијата, но и блиски пријатели од британското кралско семејство.
Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон несомнено се еден од најпопуларните кралски парови во целиот свет.
Уште откако стапија во брак медиумите постојано се присутни во нивниот хармоничен брачен живот.
Со кои припадници од кралското семејство во Велика Британија, но и кралските семејства ширум светот најмногу се дружат тие:
Принцот и принцезата од Норвешка
Кејт и Вилијам обожаваат патувања, па за време на скандинавската турнеја се зближија со принцот Хакон и принцезата Мет-Марит.
Принцезата од Данска
Кејт Мидлтон и принцезата Мери од Данска се многу блиски пријателки и си се поддршка една на друга. Тие имаат многу сличности, меѓу кои и можноста еден ден да станат кралици.
Кралицата Елизабета
Нормално е да имаат добар однос затоа што се во роднински врски, но според британските медиуми љубовта на кралицата Елизабета и љубезност кон Кејт и Вилијам ги надминува сите очекувања.
Братучетката на принцот Вилијам, Зара Тиндал
Зара Тиндал е една од најсаканите внуки на кралицата Елизабета, но и добра пријателка на Кејт. Често може да бидат видени заедно на кралски настани и имаат сличен моден вкус.
Принцезата од Шведска
Принцезата Викторија, која е прва во редот за наследување на тронот од нејзиниот татко кралот Карл XVI Густаф, е на слична возраст како Кејт и Вилијам. Тие, иако неодамна се запознале со неа, за кратко време се зближиле многу.
Војвотката од Корнвел, Камила
Иако, во медиумите се говори дека принцот Вилијам има нестабилен однос со втората сопруга на неговиот татко, сепак многумина тврдат дека Кејт и Камила се многу блиски. Таа и е ментор на некој начин и често може да бидат видени заедно.
Лејди Амелија
Лејди Амелија е една од најзборуваните припадници на кралското семејство и често е опишувана како една од најубавите припаднички на кралското семејство. Таа е внука на братучедот на кралицата Елизабета, принцот Едвард и е 36-та во линијата за тронот.