Според одлуката на Комисијата за заразни болести, која беше усвоена на владина седница, полицискиот час нема да важи за време на празниците Велигден и Бајрам, односно на 1-ви и 2-ри мај, како и ноќта меѓу 12 и 13 мај.
Забраната за движење останува на сила во останатите денови, и според последната одлука таа почнува еден час подоцна, во 21:00 часот.