„По повод 90-то издание на Оскарите, кое ќе се одржи на 4 март, во МКЦ организираме дводневни подготовки“ – најавуваат од МКЦ претставувајќи ја филмската манифестација „Ноќ пред Миланка“ – симболично насловена според долгододишната македонска ТВ водителка на „Оскарот“, Миланка Рашиќ.
Петок и сабота, 2 и 3 март, без црвен тепих и без ф’стани ќе гледаме:
2.3.
19:00 БЕЗ ЉУБОВ (номиниран за најдобар филм од неанглиско јазично подрачје)
21:30 ТРИ БИЛБОРДИ НАДВОР ОД ЕБИНГ, МИСУРИ (номиниран за најдобар филм)
3.3.
19:00 КВАДРАТОТ (номиниран за најдобар филм од неанглиско јазично подрачје)
21:30 ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ ШОУМЕН (номинација за најдобра песна)
Билети 150 денари, може да се набават САМО на билетарницата на МКЦ.
Се гледаме во кино Фросина!