За Владо Јаневски срцето е „Главен град на тагата“ (АУДИО)

27 Мар , 2018 Промотер

За Владо Јаневски срцето е „Главен град на тагата“ (АУДИО)

По минатогодишната тема „Последна заблуда“, најголемата машка пејачка ѕвезда во Македонија, единствениот Владо Јаневски деновиве ги израдува своите обожаватели со нова песна насловена „Главен град на тагата“. Популарниот пејач се потпишува и како автор на стиховите и музиката, а аранжманот го направил Роберт Билбилов, додека за продукцијата се погрижил Дарко Димитров. 

Овој пат наместо балада, станува збор за песна со побрз ритам, во веќе препознатливиот стил на Јаневски. „Не ги затворај очите, без нив јас не знам во што да гледам. Некогаш во ноќите ѓавол ме зема, а тебе те нема да ми наполниш душа и да ми ја исцедиш снагата. Кога далеку си мене срцето ми е главен град на тагата“, пее тој во новиот сингл, а како звучи сето тоа слушнете во продолжение.

 

, , , ,


Comments are closed.