Радио Милева
Среќен роденден!

Водителката со извинување за соседите: Милена Антовска под наплив на еуфорија, но и со чувство на вина (фото)

Водителката со извинување за соседите: Милена Антовска под наплив на еуфорија, но и со чувство на вина (фото)

Месец јануари е посебен за ТВ водителката Милена Антовска- Станковска. Таа и нејзиното семејство имаат дупли повод за славење откако пред две години ја добија и малечката Јоана.

Но, првин повод за радост и славење беше денот на мама Милена која на роденденот му се радува како дете.

Славеничката за прославата на своите 37 години најпрвин ги собра другарките, подготви полна трпеза, обезбеди пиење, ама и избрана плејлиста на музика за караоке со другарките на домашна забава.

Арно ама веројатно заборави да постави известување на огласната табла од зградата каде живее.

Наплив на еуфорија, распеани и разиграни, Милена се сети и и проработи грижата на совест дека веројатно ги вознемирува соседите поради бучавата, па јавно им се извини преку своите „стори“ на Инстаграм.

Бидејќи имаат позната соседка, големи шански има да и прогледале низ прсти и да ја толерираат без реакција и пријава, особено кога е славеничка.

Следниот ден повторно не беше така тивко од домот на водителката.

Повод за славење, повторно роденден, овој пат на помалата ќерка Јоана која наполни две годинки.

Се собраа сите членови на семејството, сега се пееја детски песнички, а на радоста и немаше крај.

Ако минатата година Милена имаше извинување за колегите поради нејзиното постојано зборување за роденденот и крштевката на втората ќеркичка, овој пат извинувањето беше за соседите.

Милена и ја посака целата среќа на Јоана, а преубавиот празник Василица засекогаш останува да биде посебен за водителката и нејзиното семејство, а исто и за соседите кои веќе ќе си знаат што ги чека на 13-ти и 14-ти јануари.

Среќен роденден мама и Јоана!

Останати вести од Радио Милева