Вака Весна-Бејби и го прослави роденденот на својата ќерка Мина: Со другарчињата во театар, со мама во кафеана! (ФОТО)

13 Ное , 2017 Радио Милева

Вака Весна-Бејби и го прослави роденденот на својата ќерка Мина: Со другарчињата во театар, со мама во кафеана! (ФОТО)

Познатата македонска актерка и радио и ТВ водителка  Весна Бејби Петрушевска викендов  на својата ќерка Мина и го прослави 13- иот роденден.

Најпрвин мама Весна заедно со Мина и другарчињата отидоа во театар на претстава.

Сокчето и благото секако се придружен елемент на секој роденден. Како и заедничката фотографија со другарчињата од училиште и останатите пријателчиња!

А вечерта, Бејби мама ги собра најблиските пријатели во еден познат скопски ресторан.

На роденденската забава присуствувале само најблиските пријатели на Бејби, меѓу кои и Каролина Гочева со нејзиниот сопруг Михаил Корубин, поп пејачката Елена Ристеска, актерот и шоумен Игор Џамбазов и уште многу други.

Мина  исто така била присутна забавата која ја организирала мама Весна, за да ја дувне свеќичката на роденденската торта и да ја послужи „фамилијата“ – како што Весна ги нарекува своите најблиски пријатели кои ги собра на прославата која траела додека работел локалот… До  фајронт!  Епа, Среќен роденден Мина!

, , , ,


Comments are closed.