Радио Милева
општо незадоволство

Славниот пејач Роби Вилијамс проговори за своето пореметување: „Ова е борба и тага со која се носам цел живот… (фото)

Славниот пејач Роби Вилијамс проговори за своето пореметување: „Ова е борба и тага со која се носам цел живот… (фото)

Пејачот Роби Вилијамс е толку незадоволен од изгледот на своето тело што решил да оди на операција за да ги „стегне работите“.

Минатиот месец, музичарот отворено зборувал за неговата борба со телесна дисморфија, пореметување поради кое неговата идеја за себе и она што го гледа во огледалото воопшто не се совпаѓаат.

На Инстаграм тој напишал: „Вашата идеална тежина е кога луѓето се загрижени за вас“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Robbie Williams (@robbiewilliams)

„Се борев со ова нарушување и кога имав и 20 килограми вишок. Значи, само замислете што гледал мојот ум тогаш. Ако не можете, знајте дека тоа е катастрофална слика. Во моментов сум слаб, но размислувам вака: ‘Браво Роби, успеа да ослабеш, а сега си и стар, алал да ти е’. Навистина е борба, тага, со која се носам цел живот… само ова го споделувам, бидејќи некој ќе се пронајде во моите зборови и можеби ќе му помогне, што знам“ изјавил Вилијамс.

„Набљудувајќи ги тие неуспешни операции, луѓето често коментираат „О, не, те молам немој да го правиш тоа“. Како да нема успешни. Имам колеги чии процедури беа фантастични. Би сакал и малку филер околу очите, за да изгледаат потонати (од ослабеност)“. Потоа додал дека и тој би сакал да направи трансплантација на коса, но бидејќи веќе двапати е одбиен, полека „се вљубува во идејата да стане целосно келав“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Robbie Williams (@robbiewilliams)

Да потсетиме дека телесното дисморфично нарушување е ментално пореметување кое се карактеризира со опсесивната идеја дека некој дел од телото е на некој начин оштетен, па на личноста не и останува ништо друго освен да го прикрие и поправи.

фото:Инстаграм принтскрин

Останати вести од Радио Милева