Радио Милева
преплашена

Скандал: Милица Тодоровиќ  истурила вино на водителката, а потоа врз главата на едно момче му ја доистурила целата чаша  (фото)

Скандал: Милица Тодоровиќ  истурила вино на водителката, а потоа врз главата на едно момче му ја доистурила целата чаша  (фото)

Пејачката Милица Тодоровиќ прво и истурила вино на водителката на „Амиџи шоу“,а потоа му се одмаздила на момчето од публиката и му го истурила остатокот од виното врз главата.

Имено, во емисијата Тодоровиќ ја одигра играта која и ја подготвиле.

Таа одговарала на интимни прашања додека  пукале во неа со пејнтбол, а таа стоела зад чашата и не смеела да го истури од виното. Пејачката била преплашена и, како што изјавила , доживеала голем стрес.

Од „пукањето“ таа постојано врескала и не можеше да се концентрира и да одговори на прашањата.

Кога ја завршила играта, пејачката истурила малку вино на градите на водителката, што на водителката не и пречело.

Сите се смееле, но Милица не застанала тука. Решила да му се одмазди и на  момче, кој очигледно бил немилосрден кога „пукал“ во неа.

„А тебе посебно“, извикала пејачката откако ја поли водителката и се втурнала во публиката: „Многу ме плашеше“.

„Пресметка, тепачка! Така е Милице“, ја поддржал Огњен.

Се било, секако, шега, па никој не и се налутил на секогаш веселата и фина Милица Тодоровиќ.

Фото: Принтскрин/ТВ Пинк

Останати вести од Радио Милева