Радио Милева
славеничка

„Роденден ми е“: Антониа Гиговска со необична торта ги потсети сите дека денес за неа е посебен ден (фото) 

„Роденден ми е“: Антониа Гиговска со необична торта ги потсети сите дека денес за неа е посебен ден (фото) 

Македонската млада пејачка, Антониа Гиговска на 21 јануари слави роденден.

Иако велат на дамите не им се бројата годините, сепак некои не ги кријат  и задоволно ги кажуваат.

Па така роденденскиот ден  Антониа го одбележа со специјален пост на социјалната мрежа Инстаграм, каде налик на славните организирала и посебна фотосесија со необична роденденската торта, а на објавата  ја откри и бројката која ја полни, 23 за која доби грст роденденски честитки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Заедно со споделениот пост таа ја закачи и песната „Birthay“ во која се повторува „Роденден ми е“.

На една фотографија Антониа без двоумење седнала  врз тортата направена од картон и украсен тул.

Додека  на друга  пак излегува од неа со широка насмевка на лицето и шарено детско лижавче во устата.

Таа покрај тортата се скоцкала и  во тесни хеленски  и топ со цел да го покаже затегнатото тело на кое неуморно работи откако се породи.

Така на  пејачката, а од неодамна и горда мама слебениците и посакаа многу успех, а да има убав ден прва и честиташе поранешната пејачка Ноне Неделковска.

Додека пак познатата водителка Лила Филиповска и посака годинава да стане светска ѕвезда, на што пејачката веројатно многу се израдувала.

 

Пораките продолжија да се редат во текот на денот, а  каде и како одлучила да  го прослави „ денот што го чекаме цела година“, допрва ќе сподели славеничката Антониа.

Фото:printskrin/instgaram/antoniagigovskaa

 

Останати вести од Радио Милева