„Нова јас“ : Теа Трајковска постојано „гори“ од желба за промени, овој пат со повод за добар провод (фото) 

8 Ное , 2023 Радио Милева

„Нова јас“ : Теа Трајковска постојано „гори“ од желба за промени, овој пат со повод за добар провод (фото) 

Младата пејачка Теа Трајковска  оддамна докажа дека промените се нејзината силна страна, па во зависност од расположението таа храбро експериментира со нејзиниот изглед.

Црвенокосата убавица редовно споделува на социјалната мрежа Инстаграм, па така на следбениците сега им откри дека повторно добила инспирација за нова промена, а овој пат ја смени бојата на косата.

Теа од црвена помина во впечатливо портокалова нијанса како освежување за еден убав повод, па напиша :

– Нова коса, нова јас е моето животно расположение.

Имено, пејачката вчера со причина го освежи изгледот и се подготви за  роденденската забава на нејзината мајка која наполни 54 години.

Теа сподели и роденденска фотографија со мајка и Вики од неодамнештото патување во Париз со што откри дека таму двете си правеле друштво.

Пејаката позира со нејзината мајка, а насмевката од лицето открива колку се задоволни. Теа во тој поглед не е резервирана и јавно ги споделува убавите моменти со цел да ги израдува нејзините  фанови со што подобро да ја запознаат.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Теа Трајковска

, , , ,


Comments are closed.