Нина Јанева прашува: Жељко пак во Скопје- како бе не ви се здосади?

1 Ное , 2017 Радио Милева

Нина Јанева прашува: Жељко пак во Скопје- како бе не ви се здосади?

Познатата балканска музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ деновиве ја промовираше својата нова песна “Милиметар”, а сега го најавува и својот голем концерт во Скопје кој ќе се одржи на 11-ти ноември во Вип Арената Борис Трајковски.

Имено, Жељко стана редовен гостин во Македонија, па по тој повод пејачката Нина Јанева на својот Фејсбук профил ја праша јавноста како не им досади повторно да бидат дел од ова концертно случување кое стана честа појава кај нас.

Ваквиот статус предизвика голема реакција кај нејзините пријатели и следбеници кои ја поддржа во ваквиот став, а објавата доби стотина допаѓања и лавина коментари.

На истото се надоврза и пејачката Наташа Малинкова која напиша: „Ццц, да не веруваш“’ коментираше таа, а реакции имаше и од: Сара Мејс, Димитар Атанасовски, Искра Трпева, Рената Кралевска, Марга Сол и многу други кои се согласија со Нина дека српската естрада нема граници со репризната жетва во Македонија.

, , , ,


Comments are closed.