Радио Милева
цвеќе за извини или букет на изволте?

Материјални нешта, наместо искрено извини: Новата песна на Александра Јанева предизвика реакции во јавноста (ФОТО)

Материјални нешта, наместо искрено извини: Новата песна на Александра Јанева предизвика реакции во јавноста (ФОТО)

Македонската поп пејачка Александра Јанева минатата недела го промовираше своето ново музичко парче „Дождови“, кое е уште една во низата одлични песни што Јанева ги отпеа за својата публика.
Првите реакции за „Дождови“ се одлични и композицијата наидува на навистина позитивни коментари кај публиката.

„Ни букет рози не те измива, ниту океаните од солзи сега те одземаат“ можеби се стиховите кои најмногу привлекуваат внимание и оставаат силен впечатк кај публиката.
Прашањето што се поставува само по себе е дали материјалните работи и утешните награди што ги добивте можат да го заменат искреното извинување?
На крајот од денот, дали несогласувањата се решаваат со зборови и дела, или  со материјални нешта?

„Колку пати сте добиле материјални работи во знак на извинување, но не сте го слушнале зборот извини, кој навистина е неопходен за да ги намалите болката и разочарувањаето?… Извинете се со зборови, со цела душа, а подарете букети исклучиво од љубов, на оние кои секојдневно ве инспирираат ви и го прават животот убав“- порачува Јанева.

Инспирирана од сето ова, Александра направи интересна фотосесија, а на социјалните мрежи поддржа многу македонски јавни личности.

Само што судејќи по последната фотографија, букетот очигледно може да се подари во разни прилики и на различни начини… Во зависност  од тоа, колку  сакана личност љубовно ве инспирира…“ – што би рекла распеаната струмичанка во својата поза ала „икебана од рози“  со високо кренати нозе!

Фото: Инстаграм/aleksandrajanevaofficial

Останати вести од Радио Милева