Извајаното мускулесто тело на Каја Остојиќ ги засени дури и скапите јахти зад неа (фото)

10 Авг , 2023 Радио Милева

Извајаното мускулесто тело на Каја Остојиќ ги засени дури и скапите јахти зад неа (фото)

Пејачката Каја Остојиќ (39) не се двоуми да ги покаже своите облини на социјалните мрежи и на јавните настапи.

Сега таа на својот Инстаграм профил објави серија фотографии на кои ја гледаме во минијатурен костим за капење.

Веруваме дека малку жени би се одлучиле за ваков костим за капење, додека Каја гордо позирала на јахта во Кан.

Каја на споменатата мрежа ја следат над 300.000 луѓе, додека на своите следбеници им покажала дека пред Франција била на хрватското приморје каде уживала.

Коментарите беа дека Каја изгледа совршено со своето извајано мускулесто тело кое секогаш е во прв план.

фото:Инстаграм принтскрин

, , ,


Comments are closed.