(ФОТО) Потпораснато бебенце: Мајчински поглед и чиста љубов – Милена на сите им ја покажа Лана Марија!

22 Мар , 2018 Радио Милева

(ФОТО) Потпораснато бебенце: Мајчински поглед и чиста љубов – Милена на сите им ја покажа Лана Марија!

Пред седум месеци, ТВ водителката Милена Антовска Станковска се реализираше во улогата на мајка и со својот сопруг Гордан станаа тричлено семејство.

Нивното најголемо богатство и олицетворение на љубовта – малечката Лана Марија веќе потпорасна и според мама веќе е подготвена за јавноста да ја запознае и а го види нејзиното лиценце.

Милена многу наскоро ќе им се врати на своите колегите во утринската програма на Канал 5 телевизија, а дотогаш има уште малку време да ужива во породилното отсуство.

Таа деновиве заедно со сопругот се појави на еден настан, каде изгледаа елегантно и префинето, а таа во топ-форма.

Меѓу објавите на социјалните мрежи, објави и фотографија на која е заедно со бебенцето, гледајќи ја со чист мајчински поглед  и бакнувајќи ја.


Инаку, во неколку наврати во медиумите изјави дека ужива во преданоста кон ќеркичката, но и недостига и работата пред камерите.

, ,


Comments are closed.