„Фала богу што замина, мрш“: Ване Маркоски „пукна“ со брутална искреност!

3 Јан , 2018 Радио Милева

„Фала богу што замина, мрш“: Ване Маркоски „пукна“ со брутална искреност!

Откако во едно скопско кафуле, водителот Ване Маркоски  заедно со пријателите ја испрати старата година и ја дочека Новата, реши да си ја отвори душичката, па без многу тежина да ја стартува 2018 година, да се излесни умствено и да им каже што им мисли на останатите.

Неделава ни претстои големиот празник Божиќ, а се дотогаш честитките за Нова година и Божиќ ќе ги преплавуваат социјалните мрежи.

Велат дека во овој празничен период често се случува поради преопуштеност да се јавите некому на кого не сте ни помислиле, да кажете нешто што не треба и сл.. но Ване трезен и со сигурна намера и мисла им напиша порака на своите следбеници на Фејсбук, каде во еден статус опиша зошто ја брка 2017 година од својот живот.

Со некои луѓе бев предобар во 2017.Ќе се потрудам оваа година да не е така.
Некои со мене беа предобри.Ќе се потрудам, ако не заслужив, оваа година да сум искрен и да не разочарувам.За тие што ги сакам, правам се и понатака.Да нема разочарувања.
Среќна нова пријатели и од мене. Смејте се! Фала богу што замина 2017-та. Мрш!,гласи честитката на Ване во која веројатно некои се пронајдоа за добро, а некои за лошо.

Искреноста важи за доблест, затоа Ване веројатно ќе ги има оние искрените до себе со кои полесно може да функционира на иста или слична фреквенција.

, , , ,


Comments are closed.