Радио Милева
ги решија сите несогласувања

Драгана Мирковиќ со години не разговараше со овој колега: Долго време беа во кавга но, преку ноќ се смени сѐ (фото)

Драгана Мирковиќ со години не разговараше со овој колега: Долго време беа во кавга но, преку ноќ се смени сѐ (фото)

Бројни несогласувања на естрадата траат со години, а кавгата меѓу фолк ѕвездата Драган Мирковиќ и овој нејзина колега трае долго, а причина била комуникацијата и големо недоразбирање.

Драгана имала приватни обврски и не можела да дојде на неговиот концерт, а тоа тој  го сфатил како навреда и веднаш и се налутил.

Тие ги прекинаа сите контакти во 2009 година, а се смирија дури неодамна.

Станува збор за фолкерот Миле Китиќ.

Единствено што се поклопуваше во двете верзии е тоа што Миле Китиќ одржа концерт во белградска „Арена“ и што Драгана не дојде.

– Немам ништо против Драгана. Таа има страшно добра  кариера без ниту една маана. Таа има убаво семејство и е многу остварена жена. Тоа што се случи меѓу нас е приватна работа, а е поврзано со концертот во Белград кој таа го откажа. Прво рече дека ќе гостува, а потоа рече дека не може. На крајот им забрани на Кемал и Шемса да дојдат, па целиот концепт на мојот концерт се распадна и се налутив на тоа – изјави тогаш Миле.

Драгана потоа се огласи и откри нови детали:

– Миле тогаш ме покани мене и мојот сопруг Тони да дојдеме и рече дека ќе ни остави места во домот, а јас му одговорив дека не можам да дојдам поради лични обврски. За мој настап не се зборуваше ниту како солист, ниту како дел од некогашниот „Јужен ветер“. Мораше да има на ум дека не сум во соседството, туку дека живеам во Виена – изјави тогаш таа за медиумите и додаде:

– Решив да реагирам заради моите фанови и утре да нема шпекулации зошто не дојдов таму каде што не ме ни поканија – изјави тогаш Драгана.

-Ми го повреди срцето неколку пати и тоа никогаш нема да го заборавам.  Не е во прашање само концертот. И посакувам се најдобро, но не би сакал да имам никаков контакт со неа. За мене не постои – велеше Миле Китиќ до пред година-две.

Долго време меѓу нив крчкаше кавга, а потоа преку ноќ се се смени и несогласувањата се разрешија.

– Уште една прекрасна дружба – напиша Драгана Мирковиќ покрај фотографијата со Миле Китиќ по неодамнешниот заеднички концерт.

Фото: Принтскрин/Ата Имаџес/Немања Николиќ

Останати вести од Радио Милева