Бугарските пејачки вака „си ги мерат мечките“: Галена ја ископира Андреа! (ВИДЕО)

17 Мај , 2018 Радио Милева

Бугарските пејачки вака „си ги мерат мечките“: Галена ја ископира Андреа! (ВИДЕО)

И покрај тоа што беше сметана за една од најкреативните бугарски фолк пејачки,  Галена безобразно ја ископира својата колешка Андреа. Во последното видео пејачката  се тркала по подот со две огромни кадифени мечки…

…ги милува, ги гали…

…и ги јава!

Истото сценарио се одигрува и во видеото на една од најпознатите песни на нејзината русокоса колешка Андреа  со наслов „Секс за ден“ од 2015 година, која пејачката ја сними во дует со колегата Фики.

Во видеото учествува и најпознатиот бугарски топ модел Николета Лозанова, а во истото две разголени девојки еротски прегрнуваат огромни кадифени мечки, пишува  бугарска „Галерија“.

Прашање е дали совпаѓањето на двете видеа е случајно или е од инает?

Имено, Галена и Андреа своевремено беа најдобри пријателки, но подоцна се скараа.

Токму заради тоа што сега не се блиски,  бринетата си дозволила во својот клип да ја ископира русокосата, без да и е грижа што ќе си помисли другата за неа.

Погледнете ги обете видеа, па споредете и самите…

Извор:Марица.бг

Фото: Видео принтскрин

, , ,


Comments are closed.