Журка за паметење: Еве каде Лепа Брена го прослави 57-от роденден (ФОТО)

21 Окт , 2017 Радио Милева

Журка за паметење: Еве каде Лепа Брена го прослави 57-от роденден (ФОТО)



Лепа Брена го прослави 57-от роденден на свадба со своите колеги Горан Бабиќ и Марко Гачиќ, но точно на полноќ семејството на младоженците и пријателите, организира изненадување за пејачката. Всушност, по што и официјално започна 20. октомври на датумот кој е роден Брена, машките членови на семејството Живоиновиќ  предводени од младенците донесоа  огромна роденденска торта со слика на Лепа Брена и заедно сите и  ја испејаа  роденденската песна.
Допрена од овој гест, пејачката им се заблагодари на гостите и младенците со кус говор, а потоа го зеде микрофонот и запеа неколку од своите најголеми хитови.



„Не можам да најдам вистински зборови да ви се заблагодарам. Одамна престанав да ги славам моите родендени, бидејќи паднаа во втор план заради оние на моите деца“ – рече таа.
Поважно за мене е да се омажат и оженат  вакви прекрасни луѓе.  Сепак, сакам да ви се заблагодарам што се сетивте на мојот родонден и ме ставивте во вашата приказна. Имам само едно нешто да Ви кажам… Ги молам музичарите за Ц -дур “ –  ќе рече Брена, по што на младенците , но и за сите гости ја запеа песната „Јас немам друг дом“!


Меѓутоа, тоа не беше се од неа, бидејќи веднаш потоа ги пееше и старите хитови како “Ситније Циле, ситније”, “Имам песму да вам певам”… со што  атмосферата на свадбата ја вжешти до точка на вриење.

Нејзиниот син  Виктор беше еден од најрасположените, бидејќи имаше двојна причина за славење. Освен тоа да се весели на свадбата на еден од  најдобрите пријатели, Виктор не можеше да ја сокрие својата радост заради успешното изненадувања што и го приредија домаќините на мајка му.

Инаку, покрај Брена, за микрофонот во вечерните часови се фатија и Надица Адемовиќ  и Злата Петровиќ, додека гостите од самиот  почетокот на прославата ги забавуваше Андреана Чекиќ.

, , , ,


Comments are closed.