Започна новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“: Македонецот Стефан Величковски го воодушеви жирито (ВИДЕО)

24 Окт , 2017 Мегафон

Започна новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“: Македонецот Стефан Величковски го воодушеви жирито (ВИДЕО)

По долги натегања помеѓу продуцентите од „Гранд продукција“ и бродкастерот Прва српска ТВ, конечно регионалното музичко талент шоу „Ѕвездите на Гранд“ стартуваше. Почетокот повеќе од успешен за македонските претставници. Задоволството да ги собере сите комплименти за изведбата и настапот и да ја доби наклоноста на жирито  ни го овозможи нашиот Стефан Величковски од Скопје, кому жирито на „Гранд“ со сите седум гласови „за“ и воодушевување го награди по изведбата.  31 годишниот Македонец во популарното регионално талент шоу маестрално ја изведе темата „Једина“ од  Владо Георгиев, по што не можеше а да не добие од жирито виза за понатаму.

Погледнете и слушнете ја неговата изведба и неговиот „Гранд“ настап.

,


Comments are closed.